
декември 30, 2023
Годишен состанок и новогодишна забава за волонтери
На ден 29.12.2023 година во просториите на Црвен крст Куманово се одржа годишен состанок и новогодишна забава за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Куманово. На состанокот присуствуваа 35 волонтери.
Преку кратка презентација волонтерите се навратија во текот на целата 2023 година и имаа можност да ги погледнат активностите кои што беа реализирани, како и можност да се присетат на сите заеднички убави моменти.
На состанокот исто така беа прогласени волонтери на месец (јануари-декември).













Честитки до сите волонтери и голема благодарност за вложениот труд и нивните волонтерски часови.
По состанокот волонтерите играа “Secret Santa” каде што си разменуваа подароци меѓусебе и со тоа ја започнаа новогодишната забава.
Ви благодариме волонтери за уште една успешна година.




