септември 15, 2026

Гледам • Слушам • Чувствувам

⛑️🖼️ Почнувајќи од 4 септември, нашите волонтери се впуштија во светот на менталното здравје, заедно со младинците од ООЦК Крива Паланка.

😊🗓️ Првиот ден беше резервиран за истражување на градот и потрага по среќа, помош, реакција и радост. Преку различни активности, младите имаа можност да гледаат, слушаат и чувствуваат – токму она што го носи и името на активноста.

🧠 Вториот ден беше посветен на продлабочување на знаењата за менталното здравје. Предавање одржа психологот Стефани Давидовска, а свои сесии реализираа и Ален Милковски, Теодора Николовска и Ива Додевска, како наши претставници.

❤️📌 На 6 септември, нашите волонтери се вратија со ново искуство, нови пријателства и многу благодарности.

✨ Вкупно 15 младинци од нашата општина денес подобро го разбираат и почнуваат да го освојуваат терминот ментално здравје – знаење кое не само што се учи, туку и се споделува.

#mladi#redcross#менталноздравје#foryou

Tags: , ,
< врати се назад