ноември 9, 2026

Escape Room

Мистерија, загатки и маски: Halloween Escape Room со Клубот на млади во ООЦК � 🧩🦇

По повод Halloween, во просториите на ООЦК Куманово, Клубот на млади организираше забавна, едукативна и тематска активност за сите присутни членови. 🦇🕸️

​Главниот дел од настанот опфаќаше организирање на Escape Room игра 🗝️🚪. Учесниците беа поделени во неколку групи, кои се натпреваруваа меѓусебно во решавање на загатки и предизвици со цел што побрзо да излезат ⏱️🧠. Играта придонесе за поттикнување на тимската работа, логиката и меѓусебната соработка, а целата атмосфера беше проследена со креативни маски и позитивна енергија 🎭✨.

По завршувањето на играта и мерењето на времето за кое секоја група ја заврши задачата, беа доделени прво, второ и трето место за тимовите кои најбрзо го завршија Escape Room🥇🥈🥉. На најдобрите им беа доделени пригодни подароци , а настанот заврши со заедничко дружење и забава за сите присутни 🎉

Tags:
< врати се назад