мај 19, 2023

Еко едукации за најмалите

Во период од 16-18.05.2023 година, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово одржаа Еко – едукации под мотото “Позелено денес за подобро утро” со цел за подигнување на еколошката свест кај помладите генераци, како и грижа и чување на животната средина.
Релизирани беа вкупно 5 еко – едукации и тоа во ООУ ,,11 Октомври”, ООУ ,,Кочо Рацин” ООУ Бајрам Шабани, ООУ ,,Толи Зордумис” на вкупно 120 ученици од прво до трето одделение. Едукациите беа интерактивни каде на учениците им се претстави и објасни што е отпад, видови на отпад и како правилно се врши селекција на истиот.
< врати се назад