септември 21, 2019

Државен натпревар по прва помош и дисеминација

Црвен крст на Р. Македонија – општинската организација Куманово и оваа година со своја екипа учествуаваше на 28-от државен натпревар по Прва помош кој се одржа од 21-22 септември во Битола под мотото “Твоето незнаење чини живот”. Во конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации поделени во две категории, прва помош и дисеминација, екипата на општинската организација на Црвен крст Куманово во категоријата дисеминција го освои првото место додека во категоријата на првата помош го освоивме четвртото место.

< врати се назад