Донирај облека

dscn0132

Една од основните активности на Црвениот крст е прием на донации во облека и дистрибуцијата на истата до оние на кои им е најпотребна. Оваа активност со голем интензитет започна да се унапредува и развива во 2013 година, преку поставување на 8 контејнери за донирање на облека на повеќе локации низ градот Скопје.

dsc_0463

 

На годишно ниво се собираат повеќе од 4 тони облека кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери и жени од социјално загрозени семејства, а потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци). Со оглед на големата количина на донирана облека неопходна беше посистематизирана дистрибуција и од таа причина во 2014 година беше отворен Пункт за облека со поддршка на Алфа Банка. Пунктот за облека кој се наоѓа во зградата на Црвен крст на Република Македонија е опремен и уреден како продавница со цел да овозможи прегледна и лесна достапност на облеката за сите корисници, а во него граѓаните можат да добијат бесплатно облека со добиен ваучер од страна на стручната слжба во Црвен крст кој прави претходна проценка на состојбата. Истиот на годишно ниво го посетуваат повеќе од 1000 лица во ризик кои се обратиле за помош и кои добиле ваучер од страна на стручните соработници во Црвен крст на град Скопје и Општинските организации. 

14919028_1672525599724260_5213156865504248489_o

Во градот Скопје се поставени 9 контејнери за донирање на облека на следните локации:

  • Пред зградата на Црвен крст на Република Македонија, Булевар Кочо Рацин бр.13,
  • Пред ООЦК Карпош,
  • Во дворот на ОУ Ѓорѓи Пулевски во општина Аеродром,
  • Пред ООЦК Чаир,
  • Плоштад Автокоманда,
  • Скопје Сити Мол,
  • Пред општина Кисела Вода и
  • Два контејнери пред зградата на ДХО Даре Џамбаз, улица 11 Октомври број 42а,

Локации низ РМ:

  • Пред зградата на ООЦК Струга
  • Пред зградата на ООЦК Битола
  • Пред зградата на ООЦК Охрид

    kontejner-upatstvo

< врати се назад