јули 3, 2023

Донација по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод муслиманскиот празникот Курбан Бајрам во соработка со Невладината организација Мерхамет со донација на Турската полумесечина на ден 30.06.2023 година подели 30 пакети со месо на социјално загрозени семејства од рурални средини.
Нашите соработници уште еднаш покажаа општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓаните, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.
May be an image of 8 people and text
 
 
 
 
< врати се назад