ноември 16, 2020

Донација на сет за дезинфекција во основните училишта во Куманово

Црвен крст на Р.С.Македонија – општинска организација Куманово на ден 11 и 12.11.2020 година достави донација до сите основни училишта на подрачјето на општина Куманово, општина Липково и општина Старо Нагоричане. Донацијата се состои од сет- сталак за дезинфекција, дезинфекциско средство и дигитален термометар, а истата беше обезбедена преку Црвен крст на Република Северна Македонија како дел од  проектот со Светска банка во соработка со Министерство за труд и социјална политика на РСМ.

< врати се назад