декември 28, 2022

Доделени сертификати на втората група обучени негователи на стари лица и лица со попреченост

Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово во рамки на проектот Конекс Балкан, успешно ја спроведе и втората обука за негователи на стари лица и лица со попреченост. Оваа обука беше поддржана од Австриска агенција за развој и Австриски Црвен крст каде 13 долгорочно невработени жени во период од октомври-декември 2022 година ја следеа обуката.
Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за помош и нега на старите лица и лицата со попреченост, за што на ден 23.12.2022 им беа доделени и сертификати.
Продолжуваме да го олеснуваме животот на старите лица и лицата со попреченост
< врати се назад