јуни 1, 2024
Доделени сертификати на третата група обучени негователи за помош и нега на стари лица во домот
Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово успешно ја спроведе и третата обука за Негователи за помош и нега на стари лица во домот, каде 14 невработени лица во период од март-мај 2024 година ја следеа обуката.
Кандидатите успешно го положија финалниот испит и се стекнаа со знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за помош и нега на старите лица, за што на ден 30.05.2024 им беа доделени и сертификати.
Продолжуваме да го олеснуваме животот на старите лица