Дневни центри

Статистички податоци: Според пресметките и проекциите на Обединетите нации, секое десетто лице во светот е старо лице со возраст над 60 години. Според истите податоци, се очекува до 2050 година, секое петто лице да биде старо лице со возраст над 60 години. Во креирањето на сликата за старото население, воопшто не изостанува и Република Македонија која од неодамна го помина прагот на демографската старост. Со 15% старо население над 60 години, на Пописот во 2002 година, Република Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Според овие податоци, припаѓаме во земјите со висок степен на застапеност на старо население во севкупното население кое што живее во РМ. 

Црвениот крст на Република Македонија преку имплементација на активности за грижа на старите лица,  дава активен придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за подобрување на квалитетот на животот на старите лица во заедниците.

Од јуни 2011 година Црвениот крст на РМ започна со имплементација на Проектот Грижа за стари лица во домашни услови, со поддршка на Австрискиот ЦК и Австриската агенција за развој. Целта на проектот е придонес во подобрувањето на условите за живот на ранливите стари лица и зајакнување на здравствениот и социјалниот систем на старите лица во Република Македонија. Од 2013 година континуирана поддршка на активностите обезбедува ЕВН Македонија. Со Проектот се опфатени вкупно 360 стари лица постари од 65 години во Скопје, Велес, Крива Паланка, Кичево, Дебар и Струга, кои живеат сами и се изнемоштени. Тие добиваат поддршка од страна на тим составен од медицинска сестра и волонтер кои пружаат психо – социјални и здравствени услуги.

Во 2012 година отворен е Дневен центар за стари лица и центар за давање помош на стари лица  во домашни услови со  поддршка на Градот Скопје и Министерството за труд и социјална политика, кој функционира преку Црвениот крст на град Скопје. Во 2014 година отворен е уште еден дневен центар во соработка со општината Гази Баба, а од 2015 година со поддршка на   Даути Фондацијата отворен е дневен центар и во Општина Сарај.

dom-za-stari-lica4

Локации на дневните центри за стари лица:

  • Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“;
  • Општинска организација на Црвен крст Чаир;
  • Старото кино во Маџари;
  • Основно училиште – Сарај

DSC03713

Корисниците во домашни услови ги добиваат следните услуги:

  • Мерење на шеќер во крвта;
  • Мерење на крвниот притисок;
  • Контакти со матичен лекар;
  • Совети за земање на терапија;
  • Совети за исхрана;
  • Придружба при одење на лекар и прошетка и сл.;
  • Разговори и различни активности за социјализација;
  • Храна и средства за хигиена;
  • Помош во купување на прехранбени продукти, лекови и сл.;
  • Вршење на административни работи, вадење на документи и сл.

Преку Општинските организации на Црвен крст Крива Паланка, Велес, Неготино и Прилеп функционираат Клубови за стари лица. 

Преку дневните центри и клубовите се имплементираат активности за унапредување  на квалитетот на животот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица.

DSCN0824

Услуги кои се обезбедуваат во дневните центри и клубовите за стари лица:

  • Едукации на корисни и интересни теми;
  • Здравствено – превентивни услуги;
  • Организирање на друштвени игри;
  • Организирање на разни креативни работилници;
  • Одбележување на календарски активности на Црвениот крст;
  • Одбележување на празници и родендени;
  • Организирање на заеднички прошетки;
  • Дискусии за разни теми;
  • Музички активности 
< врати се назад