јули 6, 2026

Дневен центар за стари лица со активно стареење

📢Со задоволство ве информираме дека Општина Куманово додели 650.000 денари на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово за воспоставување на социјалната услуга „Дневен центар за стари лица со активно стареење“.

🌍 Следејќи ги современите трендови за активно и достоинствено стареење, Дневниот центар ќе обезбеди бесплатна поддршка за лицата од третото доба.

🏡 Центарот ќе претставува место за дружење, учење, поддршка и активно учество на старите лица во локалната заедница, со цел подобрување на нивниот квалитет на живот и намалување на социјалната изолација.

📌 Воспоставувањето на услугата е дел од Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2026 година.

Tags:
< врати се назад