април 14, 2026

Дистрибуција на прехранбени пакети по повод Велигденските празници

📅 На ден 09.04.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ❤️, во соработка со ФК „Биџо“ ⚽, реализираше дистрибуција на прехранбени пакети по повод Велигденските празници 🐣.

🏡 Пакетите беа наменети за социјално загрозени семејства во рурални средини, со цел обезбедување основна поддршка и внесување празнична топлина и грижа ❤️.

📦 Вкупно беа дистрибуирани 20 прехранбени пакети.

🙏 Голема благодарност до ФК „Биџо“ за соработката и поддршката, како и до сите вклучени во реализацијата на оваа хумана активност 🤝.

✨ Да споделиме радост, солидарност и хуманост за празниците! 🐣❤️

Tags: , ,
< врати се назад