април 26, 2023

Одбележување на ,,Недела на солидарност,,

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово под мотото: “ Вашиот прилог – значајна помош”, од 17 до 22 април 2023 година ја одбележа традиционалната Недела на солидарност.
Во рамките на неделата Општинска организација Куманово дистрибуираше 74 прехрамбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ,,Тинекс‘‘ и ,,Елида‘‘ маркети. Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане. И оваа година според предвидениот план, правните субјекти и граѓаните од Куманово беа навремено известени за времетраењето на собирната акција за помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и парични прилози, со цел навремено прибирање на донации.
< врати се назад