јануари 26, 2024

Дистрибуција на хуманитарни пакети- студен бран

Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово, на ден 25.01.2024 година реализираше посета на социјално- загрозените семејства кои живеат во тешки и субстандардни услови во ридско-планинските и тешко достапни терени од околината на Куманово и Општината Старо Нагоричане, кои беа завеани со последниот снег. При посетата од страна на членовите на Тимот за одговор при катастрофи беа донирани 40 прехранбено-хуманитарни пакети. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Заедно можеме повеќе. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад