
Дисеминациски сесии за учесниците на Општински натпревар по прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во месец април организираше четири дисеминациски сесии како дел од подготовка на учесниците на Општинскиот натпревар по прва помош.
Овие работилници беа наменети за подобро запознавање на учесниците со основните информации кои им беа потребни за квизот по дисеминација, кој е составен дел од натпреварот по прва помош.
На работилниците присуствуваа вкупно 78 учесници и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на општинската организација Куманово.
Целта на овие сесии беше учениците/тимовите да бидат подготвени и информирани за содржината на квизот кој се одржа на денот на натпреварот, но и да ја разберат вредноста на дисеминацијата како дел од хуманитарната мисија на организацијата.




