мај 7, 2026

Дисеминациски сесии за учесниците на Општински натпревар по Прва помош

⛑️Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во месец април организираше четири дисеминациски сесии како дел од подготовка на учесниците на Општинскиот натпревар по прва помош.

🏆Овие работилници беа наменети за подобро запознавање на учесниците со основните информации кои им беа потребни за квизот по дисеминација, кој е составен дел од натпреварот по прва помош.

🩹На работилниците присуствуваа вкупно 54 учесници и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на општинската организација Куманово.

⛑️Целта на овие сесии беше екипите да бидат подготвени и информирани за содржината на квизот кој се одржа на денот на натпреварот, но и да ја разберат вредноста на дисеминацијата како дел од хуманитарната мисија на организацијата.

Tags: , ,
< врати се назад