јануари 22, 2026

Дисеминациска сесија на членовите на Планинарски спортски клуб ,,Поларис

Во просториите на Црвен крст Куманово, на ден 20.01.2026 година, беше одржана дисеминациска сесија со цел запознавање на членовите на Планинарски спортски клуб „Поларис“ со историјата, принципите и активностите на организацијата.

На сесијата присуствуваа 15 членови на клубот, кои преку презентација и интерактивна дискусија се запознаа со историјата на Црвениот крст, основните принципи на движењето, структурата и функционирањето на организацијата на локално, национално и меѓународно ниво, како и со главните програми и активности на Црвениот крст на Република Македонија. Посебен акцент беше ставен на младинската работа, социјалната помош, првата помош, промоцијата на здравје и активностите при елементарни непогоди.

Дисеминациската сесија помина во позитивна и мотивирачка атмосфера, со голем интерес и активно учество од страна на присутните, кои изразија подготвеност за понатамошна соработка и вклучување во хуманитарните програми на Црвен крст Куманово.

< врати се назад