декември 31, 2021

Делење на новогодишни пакетчиња на деца од руралните средини

Црвен крст на Р.С.Македонија – општинска организација Куманово во текот на оваа недела организираше низа предновогодишни активности за делење на новогодишни пакетчиња на деца од руралните средини и тешко достапните планински села во Кумановско, Липковско и од Општина Старо Нагоричане. Па така во соработка со училиштата, новогодишни пакетчиња беа поделени за учениците од училиштата во с. Облавце, с. Бајловце, с. Орашац, с. Пчиња , с. Студена бара, с. Гошинце, с. Алешевце, с. Руница, с. Лукаре и с. Извор. Исто така новогодишни пакетчиња поделивме и во Дневниот Центар за лица со попреченост над 18 години Порака наша, како и за децата од Дневниот Центар за лица со попреченост до 18 години. Новогодишни пакетчиња поделивме и за децата од социјално ранливите семејства од Куманово. Би сакале да искажеме благодарност до Форумот на жени од СДСМ Куманово, наставниот колектив со учениците од СОУ “Перо Наков” Куманово и ЕЛИДА маркети.

< врати се назад