јуни 16, 2023

ЦКА-ПХВ пехар за Црвен крст Куманово

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 16.06.2023 година во хотел Мериот присуствуваше на свечена манифестација за доделување на пехарот во рамки на ЦКА- ПХВ програмата 2023 година.
Општинската организација на Црвен крст Куманово е една од добитниците на пехар.
Вкупно беа изработени 10 проекти, од кои 5 проекти од македонската група („Град во бои на среќа“, „Продолжи нечиј живот“, „Не мора да те слушнам за да те разберам“, „Пролетта цути за сите без разлика на годините“ и „Топол дом за мирен сон“), 4 проекти беа изработени од албанската група и 1 заеднички проект („Едно исто сонце грее за сите“). Младите волонтери ја сменија својата дневна рутина, излегоа од својата комфорна зона и станаа подобра верзија од самите себеси. Успеаја да помогнат на многу луѓе и да измамат многу насмевки. Воедно, честитки на сите останати Општински организации, како и на Црвен крст Кавадарци и Црвен крст Делчево, кои покрај Црвен крст Куманово, исто така на овогодинешниот циклус освоија пехар.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад