август 22, 2022

Бесплатно летување во детското одмаралиште “Бегова Корија” Крушево

Во организација на МТСП во период од 11.08.2022 – 17.08.2022 година во детското одмаралиште “Бегова Корија” во Крушево се одржа бесплатно летување на кое присуствуваа 42 деца од социјално загрозени семејства и 26 родители (придружба) при што волонтерите од ООЦК Куманово- Хамид Фетаи и Давид Османи беа ангажирани како воспитувачи.

Целта на летувањето беше забавување на присутните, дружење и запознавање на нови пријатели.

Во утринските и попладневните часови беа организирани најразлични прошетки, посета на Спомен куќата на Тоше Проески, Галерија “Никола Мартиноски” и Меморијалниот центар “Македониум”. Секоја вечер по завршување на вечерата имаше културно-забавна програма со најразлични натпревари.

< врати се назад