
35-ти Општински натпревар по прва помош на ООЦК Куманово
На 28 април 2026 година, во градскиот парк во Куманово, Општинската
организација на Црвен крст Куманово го одржа 35-от Општински натпревар на
екипите по прва помош за ученици од основни и средни училишта во градот
На настанот присустуваа: професори, наставници-ментори и ученици од
основните и средните училишта, лекари и демонстратори по прва помош,
вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.
На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва
помош од претходно одржани обуки ги покажаа екипи составени од ученици од 6
основни и 3 средни училишта на територијата на општина Куманово.
Првите три места од основните училишта ги освоија екипите од
училиштата: ООУ „Христијан Карпош“ – прво место, ООУ ,,Браќа Миладиновци“ –
второ место, ООУ „Вук Караџиќ“ – трето место.
Во категорија средни училишта СОУ Гимназија,,Гоце Делчев” го освои првото
место, ДСУ-РЦСОО,,Киро Бурназ” – го освои второто место, и ОСТУ ,,Наце
Буѓони‘‘ го освои третото место.
Во дел на дисеминација трите места ги освоија учениците од:
ООУ ,,Христијан Карпош” – прво место, ООУ ,,Бајрам Шабани” – второ место, СОУ
Гимназија ,, Гоце Делчев” – трето место.
Работните места од забавен карактер се одвиваа преку играта „Погоди ја
првата помош“ која е забавна и едукативна тимска игра во која учесниците
преку глума ги претставуваат различни ситуации од прва помош. Целта на
играта е да се поттикне тимската работа, комуникацијата и брзото
размислување, како и да се зајакне знаењето за прва помош на забавен и
интерактивен начин.
Честитки до сите учесници и голема благодарност до сите средни и
основни училишта за нивното учество.

























< врати се назад











































