јули 9, 2019

14 јуни – светски ден на крводарителството

Црвен крст на Р.Македонија – општинска организација Куманово по повод светскиот ден на крводарителството 14 јуни, на ден 13.06.2019 год. во НУЦК Трајко Прокопиев (мала сала) организираше свечена манифестација за доделување на јубилејни награди и признанија. На настанот свое пригодно обраќање имаше и претседателот на општинската организација на Црвен крст Куманово Д-р Нухи Јусуфи кој меѓу другото ги додели и наградите на нашите сограѓани за јубилејни крводарувања од 25, 50 и 100 пати. За нашите верни помагатели и подржувачи доделивме признанија, и тоа на пет општествено одговорни компании од градот во областа на социјално – хуманитарната дејност. На крајот општинската организација на Црвен крст Кумаоново им искажа посебна благодарност за крводарителите од клубот 100+ крводарувања со пригодни подароци. По завршување на манифестацијата имаше и пригоден коктел за сите присутни.

< врати се назад