мај 4, 2021
12-ти мај- ден на медицинската сестра
Волонтерите од Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово на ден 14.05.2021 година организираа едукативно предавање по повод 12-ти мај- ден на медицинската сестра. На истото присуствуваа 15 ученици од ОСТУ Наце Буѓони – отсек медицински сестри. На предавањето беше истакнато за историјата на медицинските сестри, нивната мисија и визија како и историската поврзаност со Црвениот крст и првата медицинска сестра во историјата. По презентацијата од страна на обучен волонтер од Црвен крст имаше кратка обука по прва помош како и споделување на медицински практитки и совети за пружање на прва помош.