јули 22, 2023
Заштита на населението од топлотен бран
На ден 22.07.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со СВР Куманово, спроведе активност за заштита на населението од топлотниот бран. На Граничниот премин Табановце беа поделени 150 шишиња со вода.
Целта на акцијата беше давање на препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како и совети за постапување при високи температури. Исто така, на возачите им се укажуваше на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, а особено им се укажуваше на влијанието на заморот како една од честите последици за сообраќајните незгоди, потребата од паузи при патување на подолги дестинации и секако почитувањето на сообраќајните правила и прописи.