јули 19, 2022
Заштита на населението од шумските пожари
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на почетокот на месец јули, спроведоа акција за делење на флаери и совети за граѓаните со цел заштита на населението од шумските пожари. 400 флаери беа поделени на најразлични локации и институции и истите содржат совети, препораки и начини како населението да се заштити од евентуална појава на шумски пожар во нашиот регион како и последиците кои шумските пожари можат да ги нанесат, а кои можат да се одразат и на здравје на нашите граѓани