декември 18, 2025

Врсничка едукација за превенција од болести на зависности

Во ОУ „Светозар Марковиќ“ беше спроведена врсничка едукација на тема „Превенција од болести на зависности“, наменета за ученици, со цел унапредување на нивните знаења за штетните последици од употребата на психоактивни супстанци и развој на здрави животни навики. За време на едукацијата, учениците беа информирани за поимот зависност, видови зависности, како и за физичките, психолошките и социјалните последици кои произлегуваат од нивната употреба. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз младите и нивниот развој, како и на важноста од донесување здрави и одговорни одлуки.

Активноста се реализираше преку интерактивна презентација и отворена дискусија, при што учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања.

< врати се назад