јуни 19, 2025

Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на мото фестивал ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘

На ден 13.06.2025 и 14.06.2025 година на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово се одржа мото фестивалот ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘ организиран од страна на Спортското здружение на мотоциклисти мото клуб ,,Мечки‘‘.

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. Нашите волонтери на посетителите им делеа флаери за активностите кои што ги работи нашата организација, а на штандот на Црвен крст беа поставени касички за донации на парични средства кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

< врати се назад