мај 11, 2024

Успешна собирна акција со ИПА Регион Куманово

По повод 7-ми Мај (Ден на македонската полиција) на ден 11.05.2024 година (сабота) во период од 10:00 часот до 15:00 часот, во ИПА Канцеларија, ИПА Регион Куманово спроведе успешна хуманитарна акција во прибирање на прехранбени артикли, средства за лична и колективна хигиена и стари алишта, а исто така беше поставена и каса за добороволно собирање на парични средства.

Оваа хуматитарна акција традиционално неколку години по ред Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово ја организира во соработка со ИПА Регион Куманово.

Црвен крст Куманово изразува благодарност до сите ИПА членови, ИПА пријатели и ИПА партнери и подржувачи кои што дадоа свој придонес за успешно организирање на оваа хуманитарна акција. Собраните средства од овој настан ќе бидат наменети за изработка на пакети за лица од социјален ризик.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Tags: ,
< врати се назад