
Успешен ден за младите волонтери на ООЦК Куманово!
Денес нашите волонтери и дисеминаторот во рамките на Програмата за промоција на хумани вредности (ПХВ) присуствуваа на настанот за доделување признанија во ООЦК Делчево.
Со особена гордост споделуваме дека сите 11 проекти од ООЦК Куманово, реализирани од македонската и албанската група, беа оценети со високи поени, што претставува признание за трудот, креативноста, посветеноста и позитивното влијание што младите го создаваат во својата заедница.
Особено се истакна проектот „Наша помош – нивна надеж“, кој беше оценет со највисокото признание – Сонце, како симбол на успешно реализирана хуманитарна иницијатива и значаен придонес кон заедницата.
Овие резултати се доказ дека младите волонтери преку својата енергија, хуманост и тимска работа успешно ги промовираат вистинските вредности и оставаат позитивен белег во општеството.
Им честитаме на сите учесници за постигнатите успеси и им посакуваме уште многу успешни проекти во иднина! ![]()
![]()



< врати се назад











































