
Учество во кампања за превенција од употреба на пиротехнички средства
Реализирана показна – симулациска вежба по прва помош
На ден 19.12.2025 година, со почеток во 12:00 часот, на Градскиот плоштад во Куманово, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше показна – симулациска вежба по прва помош, во соработка со СВР Куманово и Итна медицинска помош Куманово .
Активноста беше организирана на фреквентна и јавно посетена локација со цел поголема видливост и директно информирање на граѓаните за опасностите од несоодветна употреба на пиротехнички средства .
Во рамки на вежбата беше прикажано реално сценарио на повреда предизвикана од пиротехничко средство, при што волонтери на Црвен крст учествуваа во различни улоги – деца кои симулираа употреба на пиротехника, повредено лице со повреда на прсти и тим за прва помош кој интервенираше по повик од страна на полицијата.
Тимот за прва помош од ООЦК Куманово, опремен со соодветна опрема и возило, навремено пристигна на местото на настанот и професионално укажа прва помош, по што повреденото лице беше преземено од Итна медицинска помош.
Реализацијата на симулациската вежба придонесе за зголемување на свеста кај граѓаните за ризиците од употреба на пиротехнички средства, демонстрирање на значењето на брза и правилна прва помош , како и за унапредување на соработката и координацијата помеѓу Црвен крст, СВР Куманово и здравствените служби.











































