јуни 26, 2023
Учество на волонтери од ООЦК Куманово на летен ликовен камп
На ден 25.06.2023 година по повод прв роденден, Фондацијата „Дарио Петровски“ организираше летен ликовен камп. Покрај Дефектолошка училница и Leon Kids Plus, на настанот присуствуваа и 5 волонтерите од Општинска организација Куманово. На истиот имаше најразлични игри за деца како цртање, изработување фигури од пластелин, изработување на нараквици, играње пинг понг и други забавни игри. Целта на настанот беше да се одбележи првиот роденден на Фондацијата, како и собирање на парични средства кои ќе бидат наменети на деца на кои што им е потребна нашата помош.
Воедно му се заблагодаруваме на тимот од Humanitarna Organizacija “Dario Petrovski” за поканата, како и им го честитаме првиот роденден.