септември 13, 2024

Учество на младите волонтети на ООЦК Куманово во утринска програма

На ден 13.09.2024 (петок) волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беа вклучени во живо во утринската програма „Македонија наутро“ на канал МРТ.

Нашите волонтери ги споделиjа тековните активности на кои Општинска организација на Црвен крст Куманово работи, а воедно ги споделија и активностите кои беа спроведени во текот на летото: Хуманитарно летно кино,летен младински камп, превенција од топлотен бран, штандови со лимонада и учество во пожарите.

Голема благодарност до Македонската радио телевизија (МРТ) која ни овозможи да ги споделиме нашите активности и работа на Црвениот крст, во надеж дека нашите волонтери ќе бидат поттик за други млади.

Младите од кумановскиот Црвен крст со бројни акивности
< врати се назад