
март 6, 2026
Работилница за изработка на честитки по повод 8 Март
На ден 05.03.2026 година, младите волонтери при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираа креативна работилница за изработка на честитки по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
На работилницата волонтерите со многу креативност и позитивна енергија изработија рачно направени честитки, со кои ќе им го честитаат празникот на жените и ќе испратат порака на почит, благодарност и внимание кон сите жени во нашето општество.
Ваквите активности ја поттикнуваат креативноста, тимската работа и хуманите вредности кај младите волонтери. ![]()

















































