март 14, 2023

Работилница за Психо социјална поддршка при итни и кризни состојби

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 14.03.2023 година во соработка со Дивна Јанкова- нашиот обучен тренер за Прва психолошка помош и Психо – социјална поддршка во рамки на проектот Конекс Балкан, спроведе работилница на тема Справување со стрес.
Истата се одржа во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово каде учество земаа 17 лица кои во моментот ја посетуваат обуката за асистенти на лица со попреченост. Учесниците за време на работилницата осознаа за најчестите реакции на стрес, кои се најчестите механизми за справување со стрес и стресни состојби, согорување на последиците од стрес, кои се позитивните елементи на стрес, препознавање и спреавувавање како и вежби за релаксација.
< врати се назад