
јануари 16, 2026
Прва крводарителска акција во 2026 година
Со големо задоволство ја одбележуваме првата крводарителска акција во 2026 година, која воедно е и прва крводарителска акција организирана од РАМУС лабораторија.
Искрена благодарност до сите крводарители кои со својата хуманост се вклучија во акцијата.
Вкупниот број на реализирани крводарувања е 17 крвни единици.
Благодарност и до РАМУС лабораторија за иницијативата, соработката и поддршката на хуманите вредности.
Заедно продолжуваме да даруваме живот.











































