
јули 14, 2025
Превентивни активности за заштита од топлотен бран
На ден 08.07.2025 година (вторник) Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово реализираше активност за превенција од топлотен бран – штанд со лимонада.
Штандот беше поставен на градскиот плоштад во Куманово каде случајните минувачи имаа можност да се освежат за време на високите температури.
Вкупно беа поделени 100 освежителни пијалоци – лимонади кои беа подготвени од страна на волонтерите од клубот на млади – Куманово.
Воедно, на 64 лица им беше измерен и крвен притисок, а исто така им беа дадени совети и препораки за заштита од топлотниот бран.