јули 2, 2025

Превентивни активности за заштита од топлотен бран

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 02.07.2025 година (среда) во соработка со СВР Куманово во рамките на кампањата ,,Безбедно лето’’ реализираше показна вежба за правилно укажување на прва помош. Екипата по прва помош од Црвен крст Куманово демонстираше три вежби и тоа топлотен удар, колабирање и изгореници од прв степен.

Целта на акцијата беше давање на препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како и совети за постапување при високи температури, а воедно на граѓаните од страна на волонтерите им беше мерен и крвен притисок.

< врати се назад