октомври 2, 2024

Потпишување на Меморандум за соработка со Црвен крст Лесковац

На ден 02.10.2024 претставници од Црвен крст Лесковац-Црвен крст Србија го посетија Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово.

Целта на оваа посета беше потпишување на протокол за програмска соработка помеѓу овие две организации, да се обезбеди координација во делувањето на двете општински организации во областа на здравствени и социјални активности за реализација на програми и размена на искуства од областа на крводарителството, размена на програми за здравствена едукација, прва помош, социјална работа, обезбедување помош во случај на природни катастрофи, од областа на Млади на Црвен крст, а соработката и размена на искуства ќе се реализира и во сите други програмски области кои се од заеднички интерес.

Во просториите на Општинска организација Куманово се одржа средба со Секретарот, претседателот и вработените во стручната служба, а потоа гостите имаа можност да го посетат Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

< врати се назад