декември 25, 2024

Посета на ЈЗУ Општа Болница Куманово

На 24 декември 2024 година (вторник), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја посети ЈЗУ Општа Болница Куманово.

Кога во екот на празниците, за тебе единствен празник е да видиш неиспоганета детска насмевка, знаеш дека си вистински херој. Така, нашите волонтери, облечени во маскоти на суперхерои, докажаа дека и под тие маскоти, во себе носат херојство. Тие во вакво невообичаено издание ги посетија дечињата од педијатриското одделение од кумановската болница, и им поделија играчки за новогодишните празници на 28 дечиња кои престојуваат на одделението.

Во оваа прилика изразуваме голема благодарност до игротека Скуби Ду за укажаната доверба и позајмување на маскотите. Првиот чекор кон побрзо закрепнување е оптимизам, ние со сигурност го внесовме меѓу дечињата! Насмевките што ги измамивме кај нив, никогаш да не се симнат!

< врати се назад