август 29, 2023

Помош и поддршка при гаснење на пожар во с. Бељаковцe

Tимот за одговор при катастрофи составен од шест члена од Црвен крст на Р.С Македонија – Oпштинска организација Куманово во текот на вчерашното деноноќие активно се вклучи во помош, подршка и гаснење на пожарот кој започна на тромеѓето во селото Бељаковце општина Старо Нагоричане. Со пожарот беше зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор и багрем на поголема површина, и под опасност беа семејни куќи, штали и викендици. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенираа пожарникари со возила од ТППЕ Старо Нагоричане, пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, пожарникари од Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Кавадарци како и месното население.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад