мај 12, 2025

Показна вежба по прва помош во соработка со СВР Куманово

Во склоп на одбележување на 7 мај – Денот на полицијата, Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со СВР Куманово реализираше показна вежба за правилно укажување на прва помош. Екипа на обучени волонтери по прва помош од Црвен крст Куманово демонстрираа неколку вежби и тоа санирање на отворени и затворени скршеници, СБО и странична положба. Показната вежба беше наменета за проверка на знаењата на случајните возачи од областа на првата помош. Целта на оваа вежба беше да се истакне сериозноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при сообраќајни незгоди.

< врати се назад