октомври 26, 2022

Показна вежба по прва помош со СВР Куманово


            Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 25.10.2022 година (вторник) во соработка со СВР Куманово  реализираше показна вежба за правилно укажување на прва помош.

Екипата по прва помош од Општинската организација Куманово изведе 3 вежби и тоа санирање на отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и убодна рана со страно тело во екстремитет. Притоа полицијата од возачите кои ги стопираше бараше да им укажат прва помош.

Возачите и случајните минувачи на овој начин имаа можност да се потсетат на часовите од прва помош кои се посетуваат пред полагање на возачкиот испит и да покажат како треба да пружат прва помош во случај на сообраќајна незгода во која има повредени патници. Воедно како Црвен крст ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при сообраќајни незгоди.

< врати се назад