јули 16, 2024

Показна вежба по прва помош “Безбедно лето

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 16.07.2024 година (вторник) во соработка со СВР Куманово организираше активност „Безбедно лето“ која традиционално ја спроведуваме секоја година.

Воедно како Црвен крст ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при топлотен удар и укажување помош на лице кое е во безсознание како резултат на топлотен удар и други несакани ситуации за време на летниот период.

На Градскиот плоштад во Куманово, волонтерите покрај овие активности исто така мереа и крвен притисок и шеќер во крвта на 90 граѓани. Од наша страна беа поделени околу 60 флаери за превенција од топлотен бран како и 60 флаширани води.💧

< врати се назад