јануари 3, 2023
Поделени пакети со храна по повод новогидишните празници
По повод Новогодишните празници, во изминатиов период Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со своите волонтери подели 75 прехранбени пакети со храна донација од NLB – Тутунска банка наменети за стари лица од рурални средини на територија на Општина Старо Нагоричане и Липково. Освен тоа 30 хуманитарни пакети обезбедени од Општинскаа организација Куманово, беа поделени и за ранливото население од централното градско подрачје. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Заедно можеме повеќе.