февруари 16, 2026

Поддршка на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

На 13, 14 и 15 февруари 2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, заедно со волонтерите од Клубот на млади, активно учествуваше на тридневниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, обезбедувајќи логистичка поддршка и асистенција во текот на сите натпреварувачки денови.

Во рамки на настанот беше реализирана и хуманитарна собирна акција за нашиот мал сограѓанин Леон, на кого му е потребна финансиска помош за операција во Белград. Голема благодарност до сите посетители кои со своите донации ја покажаа својата хуманост и солидарност.

Куманово уште еднаш докажа дека е град на спортот и хуманоста.

Црвениот крст продолжува посветено да делува во насока на помош и поддршка на заедницата.

< врати се назад