
мај 15, 2025
Отворен ден во ОСТУ,,Наце Буѓони‘‘ Куманово
На ден 15.05.2025 година волонтерите на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Куманово зедоа учество на Отворениот ден организиран од ОСТУ,,Наце Буѓони‘‘ Куманово, каде што преку свој штанд ги информираа учениците од основните училишта за хуманитарната улога на нашата организација, нејзините активности и начини на кои можат да се приклучат како волонтери.
Со делење на информативни материјали, преку пријателски разговори, волонтерите ги поттикнаа младите да се вклучат во нашето големо семејство на хуманост и солидарност, кое дејствува тогаш кога е најпотребно.




