февруари 3, 2026

Ораторска вечер „Црвен крст – Без граници“

На ден 2.2.2025 година (понеделник), со почеток од 19:00 часот, во просториите на Занаетчиски дом – Куманово, се одржа ораторската вечер насловена „Црвен крст – Без граници“, организирана од младите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово.

Овој настан по трет пат се реализира во организација на волонтерите на Црвен крст Куманово, со цел поттикнување на младите кон хуманоста, солидарноста и активното граѓанство.

И оваа година темата беше инспирирана од самите волонтери на Црвениот крст, нивната пожртвуваност и значењето на животот да се нема граници кога во прашање е доброто и неговото дејствие. Хуманоста е одлика на големи луѓе, а волонтерите на Црвениот крст се вистински пример за тоа. Таа претставува една од најголемите вредности на едно општество и нè учи на емпатија, одговорност и човечност.

На ораторската вечер учество зедоа 11 волонтери, претставници од Општинските организации на Црвен крст: Куманово, Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, Струмица, Виница, , Гази Баба . Нивните говори предизвикаа силни емоции кај присутната публика и со сигурност може да се каже дека беа мотивација и инспирација за многумина да започнат со волонтирање и хумана работа. 📝

Истата вечер беа избрани трите најдобри говори од страна на стручна комисија составена од пет члена:

– проф. по македонски јазик и литература, Анита Цветковска,

– студент на Катедрата за македонски јазик и книжевност, Ана Манасиевска,

– Елизавета Павловска, претседател на друштво на писатели,

– Ален Милковски, волонтер при Црвен крст Куманово,

– Ивана Гошева, волонтер при Црвен крст Виница.

🏆Наградени говори:

I место – Ива Додевска (ООЦК Куманово)

II место – Лина Прокоповска (ООЦК Гази Баба)

III место – Сара Петкоска (ООЦК Охрид)

Останатите осум говори беа изведени од страна на:

Лина Чашитовска – ООЦК Битола

Даниела Гашовска – ООЦК Битола

Ана Арсова – ООЦК Виница

Лина Стојмановска – ООЦК Куманово

Теодора Николовска – ООЦК Куманово

Илија Танчев – ООЦК Гевгелија

Теа Ангелова – ООЦК Струмица

Лара Стевановска – ООЦК Крива Паланка

Честитки до сите учесници за храброста, инспиративните говори и придонесот во промоцијата на хуманите вредности!

< врати се назад