февруари 11, 2025

Ораторска вечер “Љубовта кон хуманоста“

На ден 11.02.2025 година (вторник) со почеток од 19:00 часот во просториите на Занаетчиски дом Куманово се одржа ораторска вечер насловена “Љубовта кон хуманоста’’ организирана од страна на млади волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово. Овој настан по втор пат се организира од волонтерите при Општинската организација на Црвен крст Куманово.

И оваа година темата повторно беше инспирирана од самите волонтери на Црвениот крст, сета таа љубов, време и труд кое го вложуваат во волонтирањето многу зборува за нивната хуманост. Хуманоста е одлика на големи луѓе, а волонтерите на Црвениот крст се навистина големи луѓе, воедно таа е вистинска вредност на едно општество и не учи на многу работи.

На ораторската вечер учество зедоа 17 волонтери – претставници од Општинските организации на Црвен крст Куманово, Крива Паланка, Битола, Гевгелија, Охрид, Струмица, Виница, Центар, Гази Баба и Неготино. Веруваме дека седумнаесетте волонтери предизвикаа многу емоции кај публиката, а со сигурност можеме да кажеме дека преку нивните говори беа нечија мотивација и инспирација да започнат со волонтирање и со хуманата работа.

Истата вечер беа одберени трите најдобри говори од страна на комисија составена од четири члена, професор по македонски јазик и литература Анита Цветковска, студент на македонската катедра Ана Манасиевска и волонтерите Ален Милковски при Црвен крст Куманово и Ивана Гошева при Црвен крст Виница.

I место – Ана Арсова ООЦК Виница

II место – Теодора Николовска ООЦК Куманово

III место – Теа Ангелова ООЦК Струмица

Останатите четиринаесет говори беа изведени од страна на:

1. Давид Цветковски ООЦК Гази Баба

2. Ангела Илиевска ООЦК Центар

3. Филип Дрогришки ООЦК Битола

4. Софија Гакова ООЦК Битола

5. Лина Чашитоска ООЦК Битола

6. Есра Махмуд ООЦК Битола

7. Анамарија Ристевска ООЦК Битола

8. Сара Петкоска ООЦК Охрид

9. Мартин Стојанов ООЦК Гевгелија

10. Јосиф Зоев ООЦК Гевгелија

11. Елеонора Николова ООЦК Виница

12. Нина Булева ООЦК Неготино

13. Ива Додевска ООЦК Куманово

14. Анастасија Илиевска ООЦК Крива Паланка

Честитки до сите учесници, благодариме на сите кои што зедоа учество на оваа ораторска вечер, се надеваме на повторно видување следната година.

Воедно се заблагодаруваме на Елида Маркети за нивната несебична донација од 25 книги за овој настан Како и на Софиа Јелена Ковачевска и Ана Спиридоновска што вечерта ја разубавија уште повеќе со нивните музички настапи

#цкмлади#цкмладикуманово

< врати се назад