февруари 28, 2023
Одржано Годишно Собрание на ООЦК Куманово
На ден 27.02.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се одржа првото редовно годишно собрание од мандатниот период 2022-2026 година.
Присутни беа 18 од 21 делегати, кои ги потврдија Програмата за работа на Општинската организација Куманово како и финансискиот план за 2023 година. Исто така усвоен беше и Годишниот извештај за работа и Финансискиот извештај како и завршната сметка за 2022 година.
На Собранието се дискутираше и за актуелните теми од работењето на Општинската организација, текот на спроведувањето на обуката за персонални асиситенти, менторската развојна програма, планираните проекти, како и информации поврзани со помошта за настраданото население од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.